Еуротерм Солар е специјализиран за про- изводство и развој на високо-квалитетни селективни сончеви колектори.
Како прв производител во регионот кој користи најсовремена full plate ултрасонична технологија, Еуротерм Солар може да се пофали со производ кој се карактеризира со супериорен квалитет, висока ефикасност и издржливост на екстремни климатски услови.
Еуротерм Солар нуди одлични соларни системи со најдобри перформанси, добиени со многу компаративни тестови и проверки. Производите имаат Solar Keymark сертификат, тестирани се во реномираната лабораторија SPF Institut - Швајцарија, а сертифицирани под DIN CERTCO - Германија.
Успешното работење на своите три продажни објекти лоцирани во Скопје, Битола и Прилеп, како и на централниот магацин во Прилеп, Еуротерм Трејд го должи на богатиот асортиман на производи, осмислен така што на купувачот му е достапно се што е неопходно за инсталацијата за централно греење или ладење – од радијаторски вентил до топлотна пумпа.
Возниот парк со кој располага Еуротерм Трејд, овозможува транспорт на производите до купувачите на целата територија на Република Македонија.
Еуротерм Трејд е овластен застапник за:
- AERMEC, една од водечките компании за производство на опрема за климатизација во Европа,
- DAB PUMPS, еден од најголемите производители на пумпи,
- BLOWTHERM, компанија за производство на сите типови на горилници и котли,
- РАДИЈАТОР, компанија за производство на котли,
- ЈУГОТЕРМ, производител на панелни радијатори,
како и многу други од кои Еуротерм е директен увозник.
Еуротерм Инженеринг со своето 20 годишно искуство, е една од водечките компании во Македонија за проектирање и монтажа на системи за централно греење, ладење, климатизација, вентилација и соларни системи.
Листата на референци од успешно изведените монтажи се состои од резиденцијални проекти па се до комплексни системи за греење и климатизација во болници, хотели, индустриски постројки, трговски центри, банки како и други типови на комерцијални објекти.






